Твоето грло е твоја моќ. Твоето грло е твоја моќ.

Целосен третман

Септолете тотал

Септолете тотал е нов лек со посебна формула за целосен третман на болно и воспалено грло. Ги отстранува причините за инфекција и ги лекува симптомите на болно грло како што се:

  • болка
  • црвенило
  • оток
  • жарење и
  • оштетена функција

Производ и употреба

Септолете тотал е достапен во форма на пастили и спреј за возрасни и деца на возраст над 6 години. Поради тоа што ги отстранува причините за инфекција и ги лекува болката и воспалението, овој производ е погоден како во почетните фази на иритација на грлото, така и во третманот на болно и отечено грло.

  • брз почеток на дејство
  • клинички докажана ефикасност и безбедност
  • не содржи шеќер
клинички докажано

Како да се користи Септолете Тотал

Септолете тотал пастили
Возрасни и деца над 12 години 3-4 пастили на ден 1 пастила на секои 3-6 часа
Деца на возраст од 6 до 12 години 3 пастили на ден 1 пастила на секои 3-6 часа

Septabene pršilo
Возрасни и деца над 12 години 3-5 пати на ден 1-2 прскања на секои 2 часа
Деца на возраст од 6 до 12 години 3-5 пати на ден 1 прскање на секои 2 часа

Упатство за употреба

Целосен третман за болки во грлото

Повеќето случаи на болно грло кај возрасните и децата се предизвикани од вируси, затоа антибиотиците не се ефикасни и третманот вклучува лекови кои имаат брзо дејство и не припаѓаат во групата на антибиотици.

При воспалено, отечено и болно грло, потребен ви е целосен третман. Септолете тотал со својата посебна комбинација на две активни состојки овозможува:

  • намалување на болката и воспалението во грлото
  • истовремено ја отстранува и причината за инфекција

На тој начин, Септолете тотал обезбедува целосен третман за болки во грлото..

Проверете зошто Септолете тотал се разликува од другите препарати за болно грло достапни во аптеките!

Целосен третман за болки во грлото

Болно грло

Под болно грло се подразбира чувството на болка локализирана во голтникот и околните регии. Се смета дека инфекцијата со респираторен вирус е причина за 95% од случаите на воспалено грло кај возрасните и до 70% кај децата.

Грлото е цевката која се протега надолу низ вратот од задниот дел на носот и устата и го поврзува задниот дел на устата со горниот дел на респираторниот и дигестивниот тракт. Тоа служи како главен пат за внесување на воздух и храна, а исто така има и заштитна улога.

Како настануваат болките во грлото?

Тенок слој на слузница ја обвива внатрешната страна на грлото. Тој има улога на филтрирање на честичките како што се прав, вируси, бактерии и други иританси, кои понекогаш може да предизвикаат инфекција и воспалено грло.

Болно грло

Твоето грло е твоја моќ

Моќта на грлото е огромна.
Од првиот плач како бебе до различни ситуации во кои треба некого да охрабриме, да утешиме или да ги искажеме нашите мисли и идеи, нашето грло е секогаш тука да ни помогне.

Здравото грло е она што ни овозможува да се изразиме. Тоа е основната идеја позади Септолете тотал, која ја слави моќта на здравото грло.

7eJjvXrvUzg

Постојат различни ситуации во животот, кога го користиме грлото со потребниот тоналитет за остварување на различни нешта кои ни се важни (како што е охрабрување пред банџи скокање, мотивирање на тимот да победи, смирување на бебето да заспие ...) и тие можат да се остварат најдобро само со здраво грло - поради ова е битно да се има еден производ како што е Септолете тотал, кој овозможува целосен третман за болки во грлото, ги отстранува причините за инфекција, и ги намалува сите симптоми на болното грло.

Септолете тотал. Твоето грло е твоја моќ.

Слушнете како познатите ја користат моќта на своето грло!

Биба Додева

Биба Додева, музичар и Претседател на Здружението на граѓани за борба против рак „Борка“, со години ги инспирира фановите со својата музика, но и ги мотивира сите кои се борат со предизвиците од ракот да не застанат во битката за подобро здравје.

Таа ја користи моќта на своето грло во подигнувањето на свеста за создавање на здрава популација, детерминирана во напорите да ги едуцира граѓаните и да ја подигне нивната свест, преку испраќање на јасна порака до сите дека ракот не смее да се третира како неизлечива болест и ги охрабрува да се борат за да го победат ракот.

За секој нов ден :)

Доколку сакате да слушнете како Биба Додева ја користи моќта на своето грло, кликнете тука:

jGa5der6FTo

Сашко Коцев

Сашко Коцев е македонски филмски и театарски актер, стендап комичар и водител со повеќе од 10 улоги на филмското платно и безброј театарски улоги. Активен е и како промотор на многу рекламни кампањи, еден од омилените лица на македонската публика, лик што инспирира и засмејува, национален херој во медиумскиот простор, единствен и најдобар шоумен од помладата генерација.

Доколку сакате да слушнете како тој ја користи моќта на своето грло, кликнете тука:

oA3tq65Y4O4

Амернис Нокшиќи Јовановска

Амернис Нокшиќи Јовановска, гласот од рекламните пораки и синхронизациите на некои од телевизисиките серии, ја гледаме во театар и на филмското платно, но и во безброј кампањи, некои од нив модни, дел во насока на подигнување на свеста за одредени предизвици како борбата со ракот на дојка.

Една од најплодните македонски актерки, која во својата кариера, подолга од 15 години има остварено над 50 улоги во театар, на телевизиските екрани и на филмското платно. Добитничка на повеќе државни и меѓународни награди за најдобро актерско остварување.

Доколку сакате да слушнете како таа ја користи моќта на своето грло, кликнете тука:

D4iYtaO9kZU

Често поставувани прашања

Септолете тотал содржи посебна комбинација на две активни состојки кои овозможуваат целосен третман за болки во грлото:

  • ја намалува болката и воспалението на грлото и
  • ги отстранува причините за инфекција (вируси, бактерии, габички).
    1. Ја отстранува причината
     
    • Антисептик
    • Локален антибиотик
    • Лизозим
    • Билки (со антисептично дејство)
    1. Ја намалува болката
     
    • Локален анестетик
    1. Ја намалува болката
    2. Ја отстранува причината
     
    • Локален анестетик
    • +
    • Антисептик
    • Локален антибиотик
    • Лизозим
    • Билки (со антисептично дејство)
    1. Ја намалува болката
    2. Го намалува воспалението
     
    • Нестероиден против-воспалителен лек
    1. Ја намалува болката
    2. Го намалува воспалението
    3. Ја отстранува причината
     
    • Нестероиден против-воспалителен лек
    • +
    • Антисептик
    Septabene pastile

    Целосен третман

Не, Септолете тотал не содржи шеќер и е погоден за пациенти со дијабетес.

Алкохолот е вклучен во составот на производот како помошна состојка што придонесува за подобра растворливост на активните состојки и на тој начин ја подобрува ефикасноста и безбедноста на производот. Сепак, ако производот се користи во согласност со упатството, количеството на консумиран алкохол е многу мало, што го прави производот погоден и за деца на возраст над 6 години.

Септолете тотал е достапен во форма на пастили и спреј. Двете форми може да се користат кај возрасни и деца на возраст над 6 години. Според желбата на детето треба да се избере формата: пастилата бавно се растопува во устата, додека пак спрејот има брза и едноставна примена. Двете форми овозможуваат целосен третман за болки во грлото, лекување на болката и воспалението и отстранување на причините за инфекција.