Жените одат на забава

Средношколски пријателки се договараат да се сретнат откако не се виделе по многу години. Неколку опции се во игра. Кога Тања предложува еден бар во предградието на градот каде што девојките ќе можат да вечераат, да пијат коктели и да танцуваат до полноќ, сите веднаш се согласуваат.

 

Вработените во компанијата исто така би сакале да се забавуваат

Да разгледаме малку поинаква ситуација. Петар управува со оддел од 120 луѓе. Како и во претходните години, одделот организира божиќна забава и одново е истата стара приказна. Некои би сакале да одат во бар, уживајќи во луксузни апетисани со амбиентална музика, со добро познат диск џокеј кој ќе пушта хитови до доцните часови во ноќта. Потоа, тука се и другите кои попрво би отишле во локален ресторан каде што се служи "вистинска" храна, и каде што фолк група свири народна музика за танцување. Потоа, тука е и третиот вид на луѓе кои едноставно би сакале да ја пропуштат забавата.

 

Птиците од исто јато остануваат заедно

Ако сте запознаени со двете сценарија опишани погоре, вие не сте единствените. Пред да ги разгледаме подобро, да видиме што се случува во секое од овие две сценарија. Првото сценарио вклучува жени пријателки на иста или слична возраст, кои и припаѓаат на истата генерација. Во второто сценарио единственото нешто што ги поврзува луѓето е фактот дека тие работат во ист оддел, но припаѓаат на различни генерации.

Да дадеме краток преглед на тоа како луѓето се разликуваат според генерацијата и карактеристиките на секоја генерација.

 

Различни потези за различни луѓе, или приказната на "само" четири генерации

Да започнеме од врвот, со најмладата генерација, генерацијата Y, исто така, наречена милениумци. Тоа се луѓето родени помеѓу 1980 и 2000 година, кои претставуваат енергетска, социјализирана генерација, исто така наречена дигитална генерација. Тие сакаат разноликост и не се плашат од промени или пак да преземат ризици. Тие се одлични апстрактни мислители. Тие го следат мотото: "Работам додека живеам!"

Следната генерација е генерацијата X, која ги вклучува луѓето родени помеѓу 1963 и 1979 година. Оваа генерација работи за да преживее. Тие се повнимателни и помалку прилагодливи од генерацијата Y.

Генерацијата пред генерацијата X е наречена  многудетна, кои се родени помеѓу 1946 и 1962 година Нивното мото е: "Работата е живот!" Тешко им е да разберат како некој (особено некој помлад) едноставно може да одлучи да оди на едномесечен одмор на другата страна на светот и да ја остави работата зад себе. За таквиот одмор можеби ќе биде потребно да се земат пари на заем или да се потроши голем дел од заштедите.

Потоа, тука се ветераните родени пред 1946 година. Тие веруваат дека успехот се постигнува преку напорна работа, и тие ја ценат безбедноста, посветеноста и доследноста. Тие се пензионирани и имале најмногу двајца или тројца вработени во текот на нивната кариера.

 

Кои се главните разлики?

Ако ги погледнеме главните разлики помеѓу двете крајности, генерацијата Y и ветераните,  брзо ќе увидиме дека двете генерации поинаку ја вреднуваат работата и работните места, и имаат различно мислење за животот. Постојат огромни разлики помеѓу двете генерации во смисла на флексибилноста, прифаќање на промените и преземањето ризици. Додека припадниците на генерацијата Y не можат да дочекаат да ги заменат своите застарени телефони што ги купиле пред една година, ветераните се држат до телефонот што го купиле пред десет години, бидејќи таквите телефони веќе не се произведуваат; за нив тоа претставува чувство на сигурност. Со оглед на тоа што нивното здравје полека се влошува, и губат пријатели и животни партнери, тие се држат цврсто до она што им преостанало. Тоа им дава чувство дека контролираат барем нешто во нивните животи.

Главната разлика помеѓу различните генерации, е дека тие имаат различни вредности. Вредностите се одговорот на прашањето што некој смета за важно во животот. Секојдневниот живот се состои од мерки врз основа на кои донесуваме одлуки, и тоа ги прави да бидат толку важни.

Замислете го менаџерот кој бара од својот вработен да работи во сабота, додека вработениот веќе му ветил на неговиот син дека ќе го однесе на кошаркарски натпревар. Што ќе одговори вработениот? Неговиот/нејзиниот одговор веројатно ќе биде поразличен од одговорот на оној кој нема семејство и често работи и во сабота, барем по неколку часа.

 

Дали сето тоа се само стереотипи?

Многу луѓе велат дека генерациите не се ништо повеќе од стереотипи. Вистина е; сепак, секогаш постојат исклучоци. Исто така е вистина и дека исклучоците ги докажуваат правилата. Стереотипите се формираат врз основа на заеднички интереси и повторливи модели на однесување, што е сосема нормално. Тинејџерите најчесто се дружат со други тинејџери, 40-годишници и пензионери со луѓе од нивната генерација итн.

 

Како да и помогнете на некоја генерација кога има, на пример, воспалено грло?

Ова значи дека генерациите исто така зборуваат поинаку. Да погледнеме како може да се одвива разговор во аптека каде што претставниците на различни генерации доаѓаат да ги добијат нивните лекови за воспалено грло.

Ветеран
Здраво, госпоѓо. Знаете, ме боли грлото веќе неколку дена. Тоа веројатно се должи на долгите прошетки со жена ми. Пред некој ден шетавме во паркот во силен студ, и јасно е дека не требаше да го сториме тоа.

Припадникот на многудетната генерација  
би кажал нешто слично, но пократко.

X генерација
Ме боли грлото со денови. Тешко ми е да голтам. Можете ли да ми дадете нешто?

Y генерација
Може ли да ми дадете нешто за грлото? Ме боли.

И кој е најдобриот начин за фармацевтот да каже дека Септабен е најдобриот лек?

Одговор до ветеранот
Жал ми е. Иако е убаво да се оди на прошетка, нели? Особено ако сте во добро друштво. Јас би предложил да земате Септабен во следните неколку дена. Тоа навистина ќе ви помогне. Ако сеуште ве боли грлото по една недела, тогаш најдобро е да се обратите кај лекар. Договорено?

Одговор до генерација Y
Секако. Септабен. Ако сеуште чувствувате болка по една недела, одете на лекар.

Која е разликата помеѓу овие два одговори?

1. Должина на разговорот

Ветераните, и до одреден степен припадниците на многудетната генерација, сакаат да си поразговараат; ова особено важи за ветераните, бидејќи тие се пензионирани. Тие претпочитаат разговор лице во лице, бидејќи тоа најдобро го знаат.

Генерацијата X сака да се прејде веднаш на главното; тие се луѓето кои го носат најголемиот товар во денешното општество. Ако може да се изразам иронично, тие имаат работа, семејство, куче и мебел. Да не ја споменуваме свекрвата!

Генерацијата Y сака работите да бидат кратки и јасни; постарите генерации го сметаат ова за избрзано. Тие веднаш преминуваат на главното, но имаат различни причини за тоа од генерацијата X. Тие комуницираат преку своите електронски уреди на нивната социјална мрежа. Тие користат кратки реченици и сленг, акроними (на пр. BRB за,,се враќам веднаш"); накратко, тие преферираат се што им овозможува да кажат што е можно  повеќе, користејќи што е можно помалку зборови.

2. Количина на емпатија

Емпатијата, односно желбата да се знае што чувствува и размислува другата личност, се изразува преку начинот на кој што го одржуваме нашиот разговор, зборовите и гестовите што ги користиме, тонот на нашиот глас, како и разбирањето на другата личност. Ветераните бараат повеќе емпатија, додека генерацијата Y смета дека тоа е губење на време.

 

Кој е во право? Младите или старите?

Очигледно е дека генерациите Y и X претпочитаат да нарачаат лекови за болки во грлото преку интернет, додека ветераните и многудетната генерација претпочитаат да одат во аптека. Исто така нема поента да се дискутира за тоа дали ветераните и многудетната генерација се здодевни или не, или пак дали генерациите X и Y се нечувствителни и избрзуваат со постапките. Ние сме различни и тоа е се. Многу е полесно да живееме едни со други ако сме свесни за нашите разлики.

Автор: Mojca Žirovnik Bocelli