Септолете тотал со единствена комбинација на две активни состојки овозможува тројно дејство за третман на болното грло:
Не, Септолете тотал не содржи шеќер и е погоден за пациенти со дијабетес.
Алкохолот е вклучен во состав на овој производ како помошна состојка која допринесува за подобра растворливост на активните состојки и на тој начин подобра ефикасност и безбедност. Доколку се користи во согласност со упатството, количината на внесен алкохол е многу мала, што го прави производот погоден за употреба кај деца над 6 години.
Септолете тотал е достапен во форма на пастили и спреј. И двете форми може да се употребуваат кај возрасни и деца над 6 години. Формата може да се одбере според желбата на детето: пастилата бавно се растопува во устата, додека спрејот има брза и едноставна примена. Двете форми овозможува тројно дејство за третман на болното грло:
Често се поставува прашањето кои лекови може да се употребуваат во периодот на бременоста и доењето. Важно е да се запамти дека во овој случај секој лек може да се зема само по претходна консултација со лекар или фармацевт.
Се препорачува употреба до 7 дена. Доколку симптомите се влошат или не се ублажат по 3 дена третман или пак ако се појават и други симптоми (како покачена телесна температура), советувајте се со лекар. Исто така, советувајте се со лекар и ако состојбата се повторува или ако забележите некои промени.