Бидејќи најчесто болното грло нема бактериски причинител, меѓународните здравствени институции не препорачуваат употреба на антибиотици за третман на болно грло.
Се препорачува локален третман со препарати за грло кои овозможуваат симптоматско ублажување на болката и имаат антисептично дејство (ја намалуваат веројатноста за развој на натамошна инфекција) и локално анестетско или аналгетско и противвоспалително дејство за ублажување на болката и воспалението.
Препаратите за грло се достапни во форма на спреј, гаргара, но најчесто во форма на пастили.
Интересно:
Гаргарата се смета за помалку ефикасен третман за болки во грлото бидејќи активните состојки не стигнуваат до пределот на грлото.