Како да оставите добар впечаток лично?

Некои луѓе велат дека никогаш нема да добиете втора шанса да оставите прв впечаток. Ако добиете шанса да го поправите првиот впечаток, треба да вложите девет пати повеќе напор од претходно.

Говорот на телото

Кога првпат ќе запознаете некого, вие сакате да изгледате самоуверено и пријатно, со што другата личност ќе се чувствува удобно околу вас. Нормално е да се има малку трема, иако не сакате другите да го забележат тоа.

Тремата најдобро се намалува со намалување на секрецијата на кортизол, кој е стрес хормон. Пред да заминете на средба или пријателски состанок со многу непознати луѓе, направете одредени вежби за да го одржите вашето тело флуидно. Во една од претходните статии зборував за позициите на моќта - она ​​што сите го имаат заедничко е идејата да се биде отворен, широко поставен и да се владее со просторот.

И за мажите и за жените, најчестата позиција е стоењето со нозете одвоени, со рацете на колковите, градите нанадвор, стомакот вовлечен навнатре и брадата малку нагоре. Останете во оваа позиција 30 секунди. Ова ќе го намали нивото на кортизол и ќе го зголеми нивото на тестостерон, што ќе има позитивен ефект врз вашата самодоверба.

Кога го анализирате говорот на телото и како тоа може да придонесе за добар прв впечаток, треба да се погрижите за неколку други работи.

Кога чекате ...

Кога чекате, подобро е да стоите. Исправено. Ова има две предности - го привлекувате вниманието кон себе и полесно одржувате отворена и широка позиција. Што да правите со вашите раце? Едната рака ја држи торбата, другата е поставена од страна на телото. Некои сметаат дека е полесно да се стави палто врз раката. Дури и ако и двете раце се слободни, немојте да пребарувате на вашиот телефон или немојте да читате весник, итн.

Кога влегувате во некоја соба ...

Влезете без двоумење и движете се кон личноста со која ќе зборувате. При влегувањето, чекорете енергично, не премногу брзо, со средно долги чекори.

Кога се ракувате ...

Ракувајте се со рацете под агол од 90 степени, никогаш не го правете тоа преку маса или некоја друга пречка. Стиснете ја раката исто толку цврсто како другата личност. Дозволете другата личност да го заврши ракувањето.

Кога седите ...

Пред да седнете, спуштете го куферот или торбата, закачете го палтото. Никогаш не ја чувајте торбата во скутот, бидејќи изгледа како штит и ја нарушува вашата самодоверба. Седнете раширено. Мажите го имаат луксузот да ја стават едната нога над другата во форма на триаголник. Жените го немаат овој луксуз; тие можат само да ги прекрстат нозете. Не ставајте ги рацете во скутот и не ги прекрстувајте на градите. За почеток, поставете ги рацете на рачките на столот

Често ќе ви биде понудено место за седење. Ако не ви биде понуден стол и можете да изберете каде да седите, препорачувам да седите дијагонално. Не седнувајте ни наспроти вашиот соговорник ниту веднаш до него/неа, туку дијагонално. Ова е позицијата на соработка, што ќе овозможи разговорот да се одвива непречено.

Ако тоа значи дека вашиот грб ќе биде насочен кон вратата, одберете друго место. Ова важи особено за мажите, кои се чувствуваат сигурни само кога имаат целосна контрола над собата.

Кога остварувате контакт со очите ...

Ако избегнувате контакт со очите, тоа значи дека криете нешто, се чувствувате виновно или намерно го игнорирате другото лице. Одржувајте контакт со очите додека зборувате и кога слушате.

Кога се насмевнувате ...

Кога ќе влезете во некоја соба, насмевнете се. Дури и додека разговорот продолжува, насмевката нема да пречи, се разбира, ако не е несоодветно. Сите сакаме да се дружиме со луѓе кои се насмеани и се во добро расположение.

Гласот и начинот на разговор

Ако ги следите овие упатства, вие ќе изгледате како топла, самоуверена и доверлива личност. Ако другата личност ви верува, вие исто така ќе и верувате. Ова влијае на вашиот глас, што го прави потивок и посмирен, поприбран и без двоумење. Вашиот глас нема да трепери и ќе ви биде полесно да го повишите или стишите според околностите. Вие нема да користите толку многу фрази да ги пополните непријатните моменти или воопшто нема да го користите. Ќе ви биде полесно да ги пронајдете вистинските зборови и фрази.  

Еве уште неколку совети кои треба да ги следите.

Запомнете го името и презимето на личноста.

„Мило ми е што се запознавме“ звучи поинаку од „Мило ми е што се запознавме, г-дин Смит“. Ако не го слушнавте името или презимето на личноста со која зборувате, може да кажете: „Извинете, јас не го слушнав вашето име.“

Првиот разговор е добра основа за добар однос.

Секогаш е добра идеја да најдете заедничка тема на разговор со вашиот соговорник. Можеби живеете во истиот дел од градот, сте оделе во истото училиште, споделувате некое хоби, итн. Ова значи 'сето тоа што може да ви е заедничко'.

Вашиот соговорник ќе го заборави она што сте го зборувале, но секогаш ќе се сеќава на тоа како тој/таа се почувствувалдодека разговарал/а со вас.

Ова е мисла што ја позајмив од американскта авторка Маја Ангелоу. Дури и ако не се сеќавате што точно некој кажал, секогаш ќе се сеќавате како сте се чувствувале во неговото/нејзиното друштво.

Ако сакате да оставите добар прв впечаток, не покажувајте го веднаш своето знаење, не разговарајте за вашите искуства без престан и не давајте впечаток дека во основа може да направите било што; наместо тоа слушајте и поставувајте прашања. Ако забележите некоја слика од патување во Париз, не започнувајте да зборувате за патувањето во Париз. Наместо тоа, кажете: „Тоа е убава слика. Каде сте се сликале? Кога сте биле во Париз?“

Ќе стекнете доверба ако направите вашиот соговорник да се чувствува сакано и важно во вашето друштво. И ова е клучот за оставање на добар прв впечаток.

 

Како да оставите добар прв впечаток преку телефон?

Кога разговарате по телефон, не ја гледате другата личност, само го слушате нејзиниот глас. Ова значи дека во 84% од случаите гласот го одредува првиот впечаток. Иако не можеме да го заборавиме и говорот на телото, исто така. Начинот на кој седите или стоите за време на разговорот ќе влијае на вашиот глас.

Кога седите и сакате да имате позитивно влијание врз тоа како се чувствувате, како и врз вашиот глас, треба да седите на приближно две третини од столчето. На овој начин вашите нозе ќе бидат на подот, со што вашето одлучување ќе биде побрзо и полесно, овозможувајќи ви поефективно да ги контролирате вашите емоции. Нозете не треба да ви се вкрстени.

Вие не треба да се потпирате, во спротивно ќе бидете помалку фокусирани. Ако завземете положба која е премногу релаксирана, може да изгледате како некој што едноставно не се грижи. Горниот дел од вашето тело треба да биде исправен, што ќе ви овозможи правилно да дишете со помош на дијафрагмата, со што ќе го направите вашиот глас појасен и посилен. Ако се задушувате или на друг начин завземете лоша положба, вашето дишење ќе биде под влијание, ќе звучите задишано, како да сте нервозни или во брзање.

Кога зборувате преку телефон, одржувајте ја вистинската јачина. Може да ви изгледа чудно што обично зборуваме премногу тивко, особено жените. Пред да направите важен повик, бидете сигурни дека сте доволно гласни. Ако го ставите приемникот или мобилниот телефон на приближно три метри од вас, другата личност треба да може сеуште да ве чуе јасно и гласно.

Најважното нешто кога станува збор за оставање на добар впечаток преку телефон е начинот на кој го започнувате повикот. Гласот изразува енергија, добра волја и љубезност, а исто така и кажува на другата личност, ако сте во лошо расположение, ви здодеало или едноставно не ви се разговара.

Првиот впечаток започнува со првата фраза, која треба да содржи соодветно ниво на енергија:

Здраво. Мери Смит овде. Може ли да разговарам со г-дин Џонсон?

Ако правите бизнис повик:

Здраво. Мери Смит од Крка Љубљана овде. Може ли да разговарам со г-дин Џонсон?

 

Каков е случајот со првиот впечаток преку e-пошта?

Може да се каже дека говорот на телото и гласот не играат улога кога станува збор за комуникација преку е-пошта. Тие не играат директна улога. Како се чувствувате влијае врз начинот на кој се обраќате на другата личност, кои зборови ги користите и како ги формирате вашите реченици. Дури и ако не го знаете примачот, тој/таа ќе формира мислење врз основа на вашата електронска порака.

Од оваа причина е важно да одвоите доволно време за добро да ги напишете пораките за „кршење на мразот“. Кога станува збор за навистина важно прашање, пожелно е „претходно да преспиете“. Пред да испратите било каков тип на порака, прочитајте ја повторно и исправете какви било грешки во правописот или фактички грешки.

Автор: Mojca Žirovnik Bocelli