Зборовите изразуваат само факти. Веројатно мислите дека гласот го прави истото, но тоа не е вистина. Истиот збор или фраза може да се изговори на различни начини, притоа менувајќи го значењето. Како и гласот, говорот на телото, исто така, изразува емоции.
Ајде прво да го разгледаме вербалното изразување. Пред да изговориме некоја реченица, ние претходно ја формираме во нашата глава. Размислуваме за тоа што ќе кажеме. Овој процес се одвива на свесно ниво.
Сите ние сме свесни дека најважното нешто не е само она што го кажуваме, туку и како го кажуваме тоа. Овде се соочуваме со мал проблем. Како ги кажуваме работите не зависи само од нашето размислување; првенствено зависи од начинот на кој се чувствуваме во однос на ситуацијата или настанот. Овој однос се изразува преку емоции.
Истото важи и за говорот на телото. Изразите на лицето, гестовите и држењето на телото зависат од начинот на кој размислувате, што пак влијае на вашето расположение и го покажува вашиот став кон одредена ситуација.
Овие два процеса во голема мера се одвиваат на потсвесно ниво, при што начинот како кажувате нешто и како постапувате е тешко да се контролира. Но, не е невозможно.
Замислете дека сте на деловна средба каде што се презентира одредена компанија. Говорникот зборува течно, јасно, одржува контакт со очи со публиката, се движи убаво нагоре и надолу по сцената/просторијата. Вие како слушател се чувствувате добро.
Одеднаш сè се менува. Вие станувате нервозни. Гласот на говорникот одеднаш звучи нестрплив, дури и нервозен. Од непозната причина говорникот се оддалечил од слушателите, како да сака да се сокрие и ги прекрстил рацете однапред. Контактот со очи е прекинат и публиката сега е поканета да поставува прашања. Што се случи?
Брзата анализа покажува дека во првиот дел говорникот се чувствувал безбедно. Тој/таа знаел/а што го/ја чека, и веројатно добро се подготвил/а. Но, во моментот кога публиката е поканета да поставува прашања, чувството на сигурност се губи. Говорникот почувствувал дека ја изгубил контролата над ситуацијата, што е точно. Кога публиката поставува прашања, говорникот никогаш не може целосно да предвиди што ќе се случи.
Врз основа на овој пример можеме да претпоставиме дека гласот и говорот на телото можат да се контролираат кога се чувствувате безбедни. И јас не зборувам за физичка сигурност, туку психолошка. Кога нешто неочекувано се случува, нешто што ние не го знаеме и не го сакаме, нашето чувство за безбедност исчезнува, што предизвикува стрес. Поради тоа што е потешко да се контролираат нашите емоции, исто така е потешко да се влијае на гласот и говорот на телото.
Кога ќе преовладее стресот, зависи од секој поединец посебно. Во деловната презентација, поискусниот говорник и оној со повеќе знаење ќе зборува подобро од некој кој е помалку искусен и помалку квалификуван.
Гласот и говорот на телото можат да се контролираат кога се чувствувате безбедни.
Да, можат. Што значи тоа? Одредени позиции на телото (т.е. позиции на моќ) можат позитивно да влијаат на тоа како се чувствувате и начинот на кој размислувате. Тие ни помагаат да го измамиме мозокот што размислува негативно и да му влијаат обратно на нашето расположение и држење на телото.
Ајде да погледнеме неколку позиции за да го подобриме вашето расположение, да ве натераме да размислувате позитивно и да се изразувате позитивно, дадени од страна на еден американски психолог Аму Цудду од бизнис школата Харвард и автор на бестселерот Присуство (Presence).
Позициите на моќ можат позитивно да влијаат на тоа како се чувствувате и на начинот на кој размислувате.
Набројав само неколку примери за да ви дадам чувство како позицијата го менува вашето расположение. Сите овие позиции се карактеризираат со отвореност, која изразува радост, исто така цврстина, самодоверба и уверување дека можете да направите нешто.
Предлагам да се поставите во овие позиции наутро, пред да заминете на работа, можеби со другите членови на семејството. Можете да застанете пред огледало. Не грижете се дали вашите деца или партнерот ве гледаат чудно, прашувајќи се дали сте полуделе; оваа вежба навистина помага.
Овие позиции, една или сите позиции, може да ви помогнат да се справите со предизвикувачки или дури и непријатен настан, тежок состанок или преговори, бизнис презентација или кога барате покачување на платата. Тие можат да ви помогнат во вашиот личен живот, на пример, кога разговарате со наставникот на вашето дете, пред да побарате заем од банката, кога го продавате автомобилот итн.; постојат голем број на ситуации.
Се разбира дека не секогаш ќе можете да се поставите во стоечка позиција. Што можете да направите кога седите? Седнете на стол со тоа што вашите нозе цврсто се поставени на подот, не ги прекрстувајте. Отворете го горниот дел од телото и поставете ги рацете на рачките од столот. Ако не можете да го направите тоа, ставете ги рацете во вашиот скут. Седнете исправено, подигнете го погледот кон некоја слика на ѕидот и насмевнете се.
Ова е позицијата на оној кој чека интервју за работа. Доколку додека чекате да бидете повикани, го чепкате вашиот телефон, ќе добиете спротивен ефект, бидејќи телото ќе биде затворено, што негативно ќе влијае на вашето расположение. Дури и начинот на кој влегувате во собата и велите здраво ќе биде различен. Важно е да се остане неколку моменти во една од овие позиции.
Подеднакво важен факт да се знае е дека вашиот глас и вашиот начин на изразување ќе биде сосема различен поради позициите на моќта како резултат на позитивното размислување. Со други зборови, луѓето околу вас ќе почнат да ве чувствуваат како што вие сакате: присутни овде и сега, подготвени за разговор и изнаоѓање на решенија.