pkjM1ulXfpM

Трите најчести заблуди во врска со харизмата

1. Харизмата е вродена

Не е вистина. Ова мислење е вообичаено затоа што харизмата се демонстрира и перцепира невербално. До одреден степен, харизмата е социјална вештина која може да се научи рано во животот. Харизматичните луѓе емитираат сила и изразуваат добрина преку говорот на телото: положбата, гестовите, начинот на кој тие се движат, изразите на лицето, насмевките, начинот на кој се ракуваат и други невербални елементи. Тие се стабилни, смирени и самоуверени, но сепак фини и љубезни.

Можно е да се научи да се оди, да се седи, да се стои и да се ракува, кога и како да се погледне во очи и да се насмее до таа мера што и овозможува на една личност да се однесува како сите овие карактеристики да и се вродени.

2. Харизматичните луѓе се физички привлечни

Сите сме запознаени со шегите за блондинките, кои се убави, но не се остроумни. Во реалниот живот се случува да запознаеме луѓе кои имаат совршени тела и се добро облечени, но откако ќе ја отворат устата, не излегува ништо духовито од неа.

Уредноста и добриот изглед претставуваат дел од харизмата, но тие не се нејзините главни состојки. Харизмата е таа која прави една личност да биде привлечна, па ние го посакуваме друштвото на таа личност, притоа не водејќи сметка за изгледот.

3. Сите ние ја примаме харизмата на ист начин

Напротив, перцепцијата на харизмата е дефинитивно субјективна. Личноста која ние ја сметаме за харизматична може да не се смета за харизматична од други лица. Некои светски познати личности се сметаат за харизматични од мнозинството луѓе: Винстон Черчил, Џон Ф. Кенеди, Ганди, мајкаТереза ​​и Барак Обама. Точно е дека обичните луѓе не доаѓаат во допир со нив, па затоа повеќе се интересираме за сопствената харизма и за харизмата на луѓето со кои често пати сме во контакт.

 

Секој харизматичен човек има

одлични комуникациски вештини

Харизматичните луѓе ја владеат комуникацијата, што значи дека нивната способност за убедување и расудување е натпросечна. Ова е многу важно во предизвикувачки и непријатни ситуации и при критични настани, бидејќи тогаш луѓето треба да се чувствуваат безбедно.

Да се ​​убеди не значи само да се споделат информации. Ние сме убедливи, кога ќе ја убедиме некоја личност со различно мислење во спротивното. Ние не мораме да преговараме за најдоброто решение, особено во критична ситуација. Правилно е, сепак, да се споделат информации, кога постои мала веројатност дека другите лица се со различно мислење и кога информациите можат да доведат до значителни промени.

Во реалниот живот често се случува спротивното. Многу луѓе, менаџери и управители исто така, имаат тенденција да ги информираат другите, наместо да ја подготват својата комуникација и да преовладаат. На овој начин тие покажуваат дека не се заинтересирани за доброто на другите и нивното мислење. Тие прибегнуваат кон искажување авторитет.

Емпатична личност

Експертите во управувањето и меѓучовечките односи би можеле да се спротивстават бидејќи сметаат дека искажувањето авторитет во менаџментот (исто така и дома) би можела да биде најдобрата опција кога ќе се појави критична ситуација. Тоа е само делумно точно. Според студиите, добар говорител, менаџер или партнер се одликува со голема емпатија.

Емпатијата претставува карактеристика на одредена личност која сака и знае како да ги разбере туѓите расположенија, чувства и начин на размислување. Ќе продолжиме со две комуникациски вештини попратени со емпатија: слушање и испитување.

Емпатијата претставува карактеристика на одредена личност која сака и знае како да ги разбере туѓите расположенија, чувства и начин на размислување.

Емпатијата е уште една карактеристика што ја имаат сите харизматични луѓе. Тие знаат како и кога да покажат емпатија. Другата личност се чувствува прифатено и големо пред говорителот поради тоа што е ислушана и прашана за своето мислење. Харизматичните луѓе дејствуваат на овој начин, исто така и кога им е доста од се, кога мислат дека сè оди погрешно, кога се уморни или дури и истоштени.

Непопустлив мотиватор

Непријатната ситуација е секогаш непријатна, кризата секогаш е само криза, а не предизвик. Ако некоја личност стане излишна, ниедна реторика не може да го смени тоа, без разлика колку е таа добра. Исто е и ако изгубиме важен клиент, пазар или извор на приход. Важно е и како реагираме на луѓето директно погодени од еден настан, како комуницираме со нив, дали им даваме надеж и ги охрабруваме да бараат решенија заедно со нас.

Ова е третата карактеристика што ја имаат сите харизматични луѓе: тие можат да ги мотивираат другите да ги прифатат потребните промени за напредок.

Луѓето не сакаат промени. Истражувањето објавено во книгата на Роберт Циалдини Влијание покажува дека 95% од луѓето се следбеници, а само 5% се заинтересирани за прифаќање на промени. Кога доживуваме промена, барем за некое време го губиме чувството на сигурност за кое толку копнееме и се впуштаме во спонтаност, а тоа може да ни помогне да ја достигнеме целта.

Ако сакаме да ги мотивираме луѓето во таква ситуација, мораме да им посветиме време, да им дадеме поддршка и совети, да им покажеме каде грешат и како да се подобрат. Ова можеме да го постигнеме само ако им посветиме доволно време, ако дејствуваме трпеливо и ако сме истрајни.

Харизматичните луѓе знаат да разговараат со другите, да изразат чувства, да признаат грешки и да се извинат.

 

ПЕТ ПО РЕД

Да заклучиме, сите харизматични луѓе споделуваат пет работи кои се наведени подолу:

Тие можат да ги убедат другите со давање добри причини (т.е. правилно да одговорат на било какви спротивни мислења).

  • Тие се емпатични.
  • Тие сакаат и знаат како да ги мотивираат луѓето во нивната околина.
  • Тие се осмелуваат да разговараат за расположенија и чувства.
  • Тие признаваатсекакви грешки и се извинуваат.

Не е важно дали сме високи или ниски, слаби или дебели, дали имаме темна или руса коса, ние можеме да научиме се што е наведено погоре. Затоа ни треба многу помалку време, енергија и пари отколку што мислиме дека ни треба. Ние можеме да станеме подобар менаџер, партнер, родител или човек ако навистина се насочиме кон тоа и треба да знаеме дека таму каде што постои волја, постои и начин.

Автор: Mojca Žirovnik Bocelli