Септолете тотал ви ги претставува Трио Џентлмен, вокален состав од тројца едуцирани оперски пејачи кои изведуваат поп-класични аранжмани на песните кои живеат вечно.

Трио Џентлмен или Дарко Нешовски, Дејан Стоев и Кристијан Антовски, успеваат да им дадат свежина на популарните класични песни, искористувајќи ги своите извонредни гласови, добар изглед и одмерена енергичност на сцена пред публиката.

Оваа џентлменска тројка ја разнежнува публиката, мотивира и инспирира, но најважно од се - со моќта на своето грло докажува дека музиката ја надминува секоја дефиниција и жанровска категоризација.

Раскажете ни ја приказната за Трио Џентлмен. Како се роди идејата за ваков состав и кој ја потегна иницијативата? 

Дарко: Идејата за формирање на ваков тип на вокална формација произлезе од мене. Љубовта кон поп-класичната музика кај мене се роди во времето на моите средношколски денови, кога започнав да изучувам соло пеење. Тоа беше периодот во кој беа формирани маестралните и светски познатите Il Divo, па оттаму и инспирацијата. Инаку, во неколку наврати имав обиди за форморање на ваков тип на "трио", но без успех. Бидејќи не верувам во случајности, наjверојатно тоа било така за да се случи токму Трио Џентлмен. 

Вашето грло е ваша моќ. Со вашите гласови правите спој што ја разнежнува публиката, ги инспирира и мотивира сите што ве слушаат. Како се грижите за вашите гласни жици и која е вашата формула за здраво грло?

Дејан: Како и кај сите оперски пејачи нашето грло е нашиот занает, нашата моќ, нашето сé. Успех и особено задоволство, а и благодет, е да можеме да влијаеме на чувствата на оние кои не слушаат додека пееме. Се разбира, за сето тоа е потребно здраво грло, а тоа подразбира здрави навики и водење на здрав живот. Секако дека никогаш не е на одмет да се има при рака и ,,Септолете тотал со тројно дејство“. 

Велат дека најуспешните тимови се составени од три члена. Но вие сте тим составен од тројца пријатели. Се случува ли да правите компромиси помеѓу професионалноста и личните односи? 

Дејан: Ние сме пред се тројца пријатели, потоа и колеги на работа во МОБ каде многу често ја делиме сцената, а веќе трета година ја тераме заедно и приказната Трио Џентлмен. Ваков состав не е возможно да функционира без взаемно почитување и без сослушување на секоја идеја, а тоа неизбежно води кон постојан компромис. Иако сме тројцата многу различни карактерно, за среќа ниту еден од нас нема нагласена суета, па разликите секогаш доведуваат до интересни и нови позитивни идеи, предлози, избор на песни, па дури и секој на свој начин ги пее песните, но кога ќе се споиме звучиме како еден. Токму по тоа и нé препознаваат и токму тоа е она што не прави “тим“. Сега за сега професионалниот однос не му засметал на личниот и обратно и да се надеваме дека така и ќе остане. 

Би сакале да ги знаеме вашите следни планови. Дали имате во план некој нов проект или можеби фестивалски настап? 

Кристијан: Досегашните реализирани проекти за овие скоро три години од нашето постоење и прекрасните комплименти кои ги добиваме секојдневно после секој наш настап, ни дава право да си кажеме дека не сме згрешиле во она што сме го направиле, групата Трио Џентлмен.

Единствените Трио Џентлмен можат да се видат на повеќе подиуми низ нашата земја, целовечерни концерти низ републиката, настапи на поголеми манифестации кои се одржуваат во нашата земја, приватни забави, како и во некој добар и реномиран локал.

Нашата музика не познава граници, така и нашите настапи се замислени да одговорат на пошироката популација, а нашиот широк спектар на композиции од повеќе жанрови изведени на наш специфичен начин ни го дозволува тоа.

Планови има многу, реализирањето на тие планови не зависи само од нас. Секој проект носи и свои финансиски потреби. За некој од тие проекти на нашите почетоци знаевме да застанеме и самите ние, но мора да бидеме реални и да признаеме дека не секогаш сме моќни да ги реализираме сите проекти кои сме ги замислиле.

Желбите ни се намножија, размислуваме на поголеми проекти кои ние самите не би можеле да ги реализираме. Се надеваме на прием кај компаниите и поддршка на нашите идни проекти, кои несомнено ќе остават еден длабок белег на нашата сцена која заслужува квалитетна музика.

Кога станува збор за фестивалите, ние сме биле дел од нив и во иднина мислиме повторно да настапуваме на фестивалите во нашата земја и надвор од нашите граници.

Што ве мотивира најмногу? Од каде црпите инспирација? Кои уметници од вашата фела ги цените? 

Дејан: Најголем мотив ми е оставањето на трага позади себе и докажувањето дека и на овие простори може да се работи квалитетно и професионално. Инспирацијата е секојдневна, пред се во семејството. Кога ќерките штом тргнеме да патуваме со автомобил го пуштаат ЦД-то од ,,Trio Gentlemen” знам дека сме на прав пат. Го ценам секој уметник кој професионално и безрезервно ја работи оваа работа. Не би спомнувал никого само би им рекол БРАВО.  

Дарко: За мене, како уметник, најголема мотивација ми претставува задоволството на публиката и силниот аплауз кој може да се толкува како награда, и не толку силниот како критика. Ме инспирира добрината кај луѓето која за жал се помалку ја има, па затоа апелирам луѓето да прават повеќе добрини, бидејќи во спротивно само се оттуѓуваме едни од други, а тоа не води кон здрава иднина и средина. Инаку ги почитувам и поддржувам сите квалитетни уметници. 

Кристијан: Мојата мотивација за реализирање на сите проекти ја гледам во секојдневниот живот. Во се што ме опкружува наоѓам инспирација, мојата фамилија, моите прекрасни пријатели и општо сите убавини кои знае да ни ги пружи самиот живот. Нормално дека не секогаш на крај работите излегуваат онака како што сме ги замислиле, но упорноста и истрајност знаат да бидат еден вид моја водилка и мотив за успех на самите предизвици во мојот живот.  

Ги ценам сите уметници кои знаат професионално да пристапат на работата и знаат да си ја ценат и почитуваат својата професија.