_fdmUHeqQtg
Ние често се соочуваме со проблемот на погрешен начин. Се одлучуваме за клишеа за кои веруваме дека се соодветни, затоа што сме ги слушнале претходно. Сепак, ефектот може да биде многу погрешен. Соговорникот може да се изнервира или да се разочара, наместо да се смири.
Да замислиме ситуација во која би сакале да помогнеме.
Нашиот најдобар пријател ни се јавува на телефон да ни каже за нејзиниот годишен разговор со претпоставениот. Разговорот се покажал спротивно на нејзините очекувања и реалноста, и таа се разочарала.
Кога таа ќе го заврши својот говор, ние чувствуваме дека треба да кажеме нешто. Таа е наш најдобар пријател, па сметаме дека треба да го направиме она што е исправно. Можеме да кажеме, на пример:
Знам точно како се чувствуваш.
Воопшто не е толку лошо. Сèуште си вработена.
Не грижи се, сè ќе биде добро, ќе видиш.
Сите овие реченици пренесуваат заедничка порака: ,,Ќе бидеш во ред".Ова клише воглавно е во ред, ако го користиме кога ќе сретнеме некој познаник во супермаркет и го прашаме од учтивост како е, а потоа тој почне да ни раскажува дека е отпуштен од работа, дека неговото куче починало или дека тој бил малтретиран од својот сосед заради живата ограда?
Случаен состанок во супермаркет обично не е погоден за интимен разговор како овој. Освен тоа, не е наша обврска да понудиме рамо за плачење и помош на секого. Ние обично им помагаме на нашите блиски пријатели, на луѓето кои ни се драги и на оние кои би го сториле истото за нас.
Еве неколку примери на несоодветни реакции:
Знаеш дека и мене ми се случи истото минатата година.
По оваа изјава обично следи детален опис на некој настан за кој нашиот најдобар пријател веќе чул. Оваа реакција е многу несоодветна ако личноста ни е драга и ако сакаме да и помогнеме. Кога некој наш пријател е во неволја, ние мораме да го ислушаме и да не зборуваме за себе.
Извини, но сега не можам да те слушам. Може ли да разговараме подоцна?
Овој одговор и не е толку лош, особено затоа што предлагаме разговорот да се продолжи подоцна. Деталите за тоа кој ќе се јави и кога сепак не се дадени. Би било многу подобро ако речеме, на пример:
Линда, жал ми е, но сега не можам да зборувам. Ова не значи дека твојот проблем не ми е важен. Дали ќе ти пречи ако ти се јавам по седум часот?
Сигурен сум дека твојот газда не го мислел тоа што го кажал. Сигурно имал лош ден. Знаеш какви се газдите!
Ако потоа ја замолиме нашата пријателка да ни се придружи во шопинг, всушност ѝ кажуваме дека не се грижиме за нејзиниот проблем и дека не сакаме да одвоиме време за неа.
Јас веќе ти реков да си најдеш друга работа минатата година.
Ова е еден од најлошите одговори. Тоа подразбира дека нашата пријателка има проблеми, бидејќи не го применила нашиот совет. Оваа изјава е понижувачка за неа и ни дава вредност што таа никогаш нема да може да ја достигне.
За почеток треба да си купиш пар нови чевли. Ќе се чувствуваш подобро.
Глупости. Купувањето нови чевли дава краткорочна утеха, но не е решение на проблемот.
Ова прашање има смисла. Како треба да реагираме во ваква ситуација?
Што точно ти кажа газдата кога разговаравте? Што очекува тој од тебе?
Наместо да разговара со тебе, твојот газда само рекол [...] И што се случи потоа?
Можам да разберам дека ова само ти ја намали мотивацијата. Што мислиш да направиш следно?
Овој дел од разговорот е најтежок. Може да биде многу исцрпувачки да се слуша и да се распрашува за туѓите чувства и расположенија. Таквата комуникација исто така знае и да награди, бидејќи знаеме дека сме направиле добро дело.
Може да биде многу исцрпувачки да се слуша и да се распрашува за туѓите чувства и расположенија.
Ако разбрав добро, ситуацијата е ваква: [...] Мислам дека кажа дека е во твој интерес да [...]. Ако тоа е така, тогаш постојат неколку опции. Ти можеш [...]. Што и да одлучиш да направиш, јас ќе те поддржам.
Можеби чувствуваме дека немаме време и енергија за да разговараме за проблемите на нашата пријателка, затоа што мора да се справиме со сопствените проблеми. Но, што ако нам ни се случи тоа што и се случило на неа? Дали би сакале да го споделиме проблемот со некој кому му веруваме, само за да ни олесни? Уште подобро би било и ако најдеме решение за проблемот при разговорот. Ние сметаме дека тоа е толку едноставно.