Оливера и Марко се синергичен тим кој се надополнува со хумор и досетливост во секоја минута од нивната тричасовна програма.
Тие често на шега знаат да порачаат: “Презентираме само среќни информации, депресивните нека ги каже некој друг. Ние сакаме да го насмееме нашиот народ, сакаме да му го направиме среќен секој ден “
Оливера своите почетоци на радио ги остварила во 1992 година, на 12 години кога се пријавила на аудиција во Македонското Радио и заедно со уште неколку деца, била примена за водител. Подоцна се насочила на образованието, учењето, студирањето и магистерскиот труд, што малку ја отргнало од радиото, но пред неколку години повторно ѝ се врати на “првата љубов“, не напуштајќи ја и учителската дејност.
Марко и неговата насмевка, ни се добро познати од ТВ, но тој одлично звучи и на радио, а и самиот вели дека е среќен кога е во студио.
Оливера и Марко го будат и расонуваат Скопје, ги советуваат слушателите да се хранат здраво, да го почнат денот со вежби, да се обидат да го елиминираат стресот и што е најважно, да бидат учтиви, љубезни и позитивни.
Пред празниците, Септолете тотал започна кампања со која им се заблагодари и им оддаде признанија на радио водители чии гласови одекнуваат само во позитивни вибрации во медиумскиот простор.
Во време кога содржините во медиумите се исполнети со говор на омраза, дискриминација и сегрегација, овие примери кои безрезервно шират позитивен и љубезен говор, користејќи ја моќта на своето грло, заслужуваат да бидат препознаени и истакнати.
Помеѓу радио водителите кои Септолете тотал ги истакна како особено вешти поединци за ширење на љубезен говор во медумите, се Марко Новески и Оливера Петрушевска од Хепи радио.
Септолете тотал со признание им се заблагодари за несебично сеење на убави, среќни и инспиративни зборови во своите медиумски настапи и емисии.