Асертивната комуникација значи способност за искажување на вашите права, вашите чувства и мислења или да побарате нешто што сакате или ви е потребно, на доверлив, чесен и учтив начин.
Ние главно пристапуваме кон асертивна комуникација кога се соочуваме со непријатни ситуации, на пример:
Исто така може да се користи и во пријатни ситуации, на пример:
Асертивната комуникација е тренд во последните неколку години. Таа настанала при потребаta да се справиме со луѓето што нè опкружуваат, во времето и просторот во кој живееме. Денешната средина ја поттикнува родовата еднаквост; се очекува од поединци да придонесат за развојот на општеството, дека тие знаат како да ги изразат своите ставови и мислења; а уште повеќе и мислењето кое е спротивно на мислењето на другите луѓе. Ако знаеме како да комуницираме асертивно, можеме да се осигуриме дека нашето ментално здравје и благосостојба ќе останат во одлична состојба, бидејќи постои помала можност за конфликт.
Замислете дека сте во пошта и сакате да испратите писмо. Вие стоите во ред, има четири лица пред вас и има само еден отворен шалтер. Влегува друга жена и ве прашува дали може да премине преку ред, бидејќи се брза. Кој е вашиот одговор?
Да земеме пример од работа. Сè уште не го завршивте извештајот, бидејќи еден од вашите соработници не ја завршил својата работа на време. Газдата е вознемирен и ве напаѓа пред сите колеги: ,,Не е важно, Џејк. Мене ме интересира само дали ние се согласивме дека ќе го имаш извештајот подготвен до петок или не?" Во оваа ситуација имате неколку опции:
Со давање на првиот одговор направивте да изгледате мали и се сокривте. Доколку претераме, можеме да кажеме дека побегнавте. Со давање на вториот одговор вие го искористивте оружјето кое го имавте на располагање во тој момент. Сега сте подготвени и чекате контра напад. Третиот одговор овозможува да дојде до дијалог, односно изнаоѓање на решение што ќе биде прифатливо за двете страни.
Ако ги споредиме одговорите наведени погоре, можеме да видиме дека првиот вид на одговор е типичен за пасивната комуникација. Ние им даваме предност на потребите, желбите или интересите на другите, додека ги занемаруваме нашите сопствени потреби. Тоа предизвикува чувство на потчинетост кај нас, или недостаток на самодоверба и асертивност.
Вториот одговор е од агресивен тип: ние исклучиво се ставаме себеси на прво место и забораваме на останатите. Како што пасивната комуникација често е предизвикана од мала самодоверба, истото може да се каже и за агресивната комуникација. Некој кој постојано напаѓа некој друг ја покажува неговата/нејзината немоќ. Со викање, наставникот нема да ја заслужи почитта на учениците. Истото важи и за претпоставените. Ако менаџерот му вика на тимот, или го гледа како неспособен и мрзлив без да го оправда тоа, тој/таа само ќе предизвика влошени односи и ќе направи резултатите да бидат уште полоши.
Некој кој постојано напаѓа некој друг ја покажува неговата/нејзината немоќ.
Таканаречениот ефект на ледена санта е често предизвикан од агресивна комуникација. Дозволете ми да објаснам. Што ако личноста која ве замолила да прејде преку ред туку што добила повик од училиште за да си го земе детето на кое му се слошило? Или таа работи како медицинска сестра и работи ноќна смена? Кога во такви ситуации реагираме агресивно; ние го гледаме само врвот на сантата мраз, а не она што се крие под него.
Пасивните и агресивните форми на комуникација се воглавно инстинктивни. Ова значи дека сме дејствувале врз основа на емоции, без да размислуваме за нашите постапки. Двата начини се чести кога добиваме непријатно изненадување од околината. Ова доведува до ослободување на кортизон, хормон кој предизвикува стрес. И пасивните и агресивните реакции само ја зголемуваат секрецијата на кортизонот, што ја пролонгира стресната ситуација.
Освен тоа, ни пасивната ниту пак агресивната форма на комуникација не доведува до конструктивен дијалог, кој ќе им овозможи на двете страни да дојдат до изводливо решение.
Замислете дека сте во иста ситуација во поштата, но со мала разлика. Личноста која бара да прејде преку ред е еден од вашите соседи. Не мора да биде личноста со која сте во редовен контакт, туку само некој што живее во истата зграда. Дали тоа го менува вашиот одговор?
Можеби не, но има поголема шанса за тоа, отколку во првиот пример. Вие веќе имате воспоставено врска со вашиот сосед. Ако му дозволите да прејде преку ред, ќе се чувствувате непријатно подоцна, прашувајќи се дали треба постојано да ги задоволувате сите. Ќе си кажете дека конечно треба да научите како да кажете не. Но, ако не дозволите таа личност да прејде преку ред, подоцна ќе ви биде потешко да ја погледнете таа личност во очи кога ќе ја сретнете во ходникот. Ова е дефинитивно една непријатна ситуација која сакаме да ја избегнеме!
Потоа, имате и трет начин за тоа како да комуницирате - давање на асертивен одговор или асертивна комуникација врз основа на објективни критериуми. Никогаш не давајте превласт никому, дури ни на себе. Комуницирајте со почит, љубезно, асертивно и со самодоверба. Ова ќе ви овозможи да продолжите со конструктивен дијалог. Само на овој начин, соговорникот ќе биде подготвен да ви објасни зошто тој/таа побарал/а од вас да направите нешто, што ќе ви овозможи да одлучите дали ќе го направите она што го побарал соговорникот од вас или нема.
Ова не значи дека ние треба да користиме асертивна комуникација само со луѓето што ги познаваме. Треба да ја користиме секогаш кога зборуваме со некого или со група на луѓе кои ни се важни.
Никогаш не давајте превласт никому, дури ни на себе
Првиот услов за асертивна комуникација е да се има здраво и силно грло, проследено со соодветен избор на зборови.
Да се биде асертивен значи вистински да се изрази она што го чувствувате - со зборови, со говор на телото и со глас. Ова ќе ја направи вашата комуникација компатибилна. Ако кажете нешто што не го мислите, односно кажете лага или криете нешто, или кажувате нешто само за да му угодите на соговорникот, тогаш рамнотежата помеѓу вашите зборови, говорот на телото и гласот ќе се разниша. Ова ќе направи соговорникот да помисли дека нешто не е во ред; во овој случај тој/таа секогаш ќе се потпре на она што го гледа, а не на она што го слуша. Говорот на телото го изразува вашиот став кон ситуацијата, емоцијата, зборот или фактот. Говорот на телото ја зборува вистината, бидејќи доаѓа од потсвеста, што го прави многу повеќе уверлив од зборовите.
Дозволете ми да додадам во заклучокот дека неизбежен дел од асертивната комуникација/однесување е исто така вашиот свесен избор. Може да се најдете во ситуација кога некој што не ви е особено важен или што дури и не го познавате, намерно вербално да ве повреди. Во таква ситуација може да се почувствувате дека користењето на асертивна комуникација би потрошила премногу од вашето време и енергија; во овој случај, не се трудете. Зачувајте го вашето време и енергија за некој со кој сакате да воспоставите, да ја задржите или да ја подобрите вашата врска.
ЧЕТИРИ О РЕД