Во време кога содржините во медиумите се исполнети со говор на омраза, дискриминација и сегрегација, овие примери кои безрезервно шират позитивен и љубезен говор, користејќи ја моќта на своето грло, заслужуваат да бидат препознаени и истакнати.

Убавиот збор е како најубавото стебло во градината, коренот му е длабоко во земјата, а гранките се издигнуваат до небото.  Денот што започнува со утринските емисии на нашите омилени и препознатливи радио гласови, ветува добро расположение и позитивен однос кон се што не очекува.

Помеѓу радио водителите кои Септолете тотал ги истакна како особено вешти поединци за ширење на љубезен говор во медумите, беше Ненад Георгиевски – секому добро познат радио и ТВ водител од Хит Радио.

Септолете тотал со признание му се заблагодари на Ненад Георгиевски за несебично сеење на убави, среќни и инспиративни зборови во своите медиумски настапи и емисии.

Ненад  ја користи својата влијателност да го промовира позитивниот говор во медиумите, што понатаму расте и ја освојува публиката со добрина и радост, вложувајќи љубов, знаење и вештини во вредностите во кои самиот верува.