Твоето грло е твоја моќ.

Болно грло кај децата

Инфекциите на горните дишни патишта се јавуваат 3 пати почесто кај децата отколку кај возрасните, па затоа болното грло е чест проблем во периодот на детството. Дополнително на тоа, болното грло кај децата е понепријатен проблем бидејќи често е проследен со носен исцедок или затнат нос, зацрвенување на очите, покачена телесна температура и општа состојба на слабост.

Децата се особено подложни на инфекции:

  • кога се во лоша општа состојба,
  • кога се во контакт со други деца (во градинка, школо),
  • кога санитарните услови се лоши.

Третманот на инфекцијата зависи од нејзиниот причинител.

Вирусните или благите бактериски инфекции може да се надминат со повеќе одмор и земање на лекови кои ја отстрануваат причината и ги ублажуваат симптомите на болно грло.

При потешки бактериски инфекции потребна е консултација со лекар и соодветен антибиотски третман.

Може да помогнат и следните лекови:

  • лекови за ублажување на кашлица
  • препарати за навлажнување на слузницата на носот
  • лекови за намалување на секрецијата од носот
  • лекови за намалување на телесната температура

Кога треба да го однесете детето на лекар:

  • Ако воспаленото и болно грло е единствениот симптом и трае повеќе од 48 часа.
  • Ако воспаленото и болно грло е проследено и со други симптоми на настинка кои траат повеќе од 5 дена.
  • Ако покачената телесна температура трае повеќе од 3 дена.
  • Ако здравствената состојба се влошува.
  • Ако дишењето е отежнато.
  • При потешкотии во голтањето на течности или плунка.
  • Во случај на дехидрираност.
  • Ако детето било во контакт со лице кое има стрептококна инфекција.
  • Ако воспаленото грло е придружено со болка во ушите или во пределот на параназалните синуси.
  • Во случај на исип.
  • Ако детето е помало до 2 години.

Важно!

Поради болки во грлото, децата одбиваат да јадат и пијат течности што може да доведе до дехидратација. Поради тоа, болката треба да се олесни колку е можно поскоро.