Твоето грло е твоја моќ.

Едноставни совети за здраво грло

 

Кога надвор е ладно, дишете преку носот

Кога времето е ладно, подобро е да дишете преку носот бидејќи носот го филтрира, затоплува и навлажнува воздухот пред тој да навлезе во белите дробови. Дишењето преку уста го суши грлото.
Во просек, возрасните вдишуваат до 20.000 литри на воздух дневно, па затоа внимавајте на вашето грло и дишете преку носот.

 

Консумирајте топли напитоци наместо врели или премногу ладни

Премногу ладните или топли напитоци може да ја надразнат слузницата и да предизвикаат воспаление. Одбранбената способност на слузницата се намалува што може да доведе до појава на вирусни, бактериски и габични инфекции.

 

Добро испирајте го грлото

Пијте многу течности – особено вода, за да ја одржите влажноста на слузницата. Немојте да правите гаргара со нешто што може да го надразни вашето грло, на пример алкохол. Многу е важно да не ги оштетите клетките на слузницата на грлото.
Потребни се просечно 2 до 3 литри вода дневно за нормална функција на вашето тело.

 

Водете здрав живот и јадете повеќе овошје, зеленчук и друга здрава храна за да го зголемите вашиот имунитет

Здравиот имунолошки систем го намалува ризикот за појава на вирусна или бактериска инфекција. Затоа, одржувајте ги одбранбените системи на телото во топ форма.
Бидете позитивни. На тој начин телото е повеќе спремно да се бори со болести.

 

Чувајте се од инфекција

Во сезоната на настинка и грип, држете се на растојание од лица кои кашлаат. Доколку вие кашлате, покријте ја устата со лактот (не со дланката), за да спречите ширење на микробите.
Кивањето може да ги рашири инфицираните капки со брзина од 150 km/h и растојание до 3 метри.

 

Зборување со потивок тон е добро за вашето грло и луѓето повнимателно ќе ве слушаат

Кога зборувате гласно или премногу, може да го оптоварите грлото и да дојде до негово сушење, што ја прави слузницата на грлото поподложна на инфекции.
Дали сте знаеле дека жените кажуваат околу 20.000 зборови дневно, односно 13.000 зборови повеќе од еден просечен маж?